Оваа инвертер клима со фреон R32 е иновативно решение за вашиот дом или канцелариски простор доколку сакате соодветно контролирање на температурата. Со моќен капацитет од 7200W за греење и 5000W за ладење, оваа клима инвертер А+++ може да ви обезбеди идеална температура во било кој период од годината. Воедно, енергетската класа А+++ допринесува да заштедите електрична енергија и помало загадување на околината.
Дополнителен доказ дека спаѓа во рамката на најдобри инвертер клими е фактот што може да функционира и во екстремни температурни услови затоа што работната температура варира од -30°C до 52°C.
Со способност да покрие простор до 40м2 и проток на воздух од 800м3, овој клима уред обезбедува рамномерно распределување на температурата во секој дел од вашата просторија. Со влезна моќност на ладење од 840W и греење од 950W и ниво на бучава до само 44db, обезбедува тивко работење што допринесува за спокојна атмосфера во вашиот дом или канцеларија.