- челична плоча за готвење, постои можност да се потргне плочата и темелно да се исчисти
- можност за готвење на целата површина на плочата
- рамномерно печење во рерната
- специјален клуч за отварање на вратата на ложиштето во случај на загревање на рачката
- ложитето е обложено со заменливи шамотни плочи, кои акумулираат топлина и ја зголемваат температурата на согорувањето
- регулаторот за снабдување со примарен воздух на вратата на пепелникот
- регулаторот за снабдување со секундарен воздух на внатрешната страна на вратата на ложиштето
- снабдувањето со секундарен воздух обезбедува почисто согорување, односно догорување на предходно непотполно согорени производи
- двојно стакло на вратата на рерната, со вграден термометар
- две положби на вратата на рерната:
- врата на рерната отворена – поголема емисија на топлина за загревање на просторијата
- вратата на рерната затворена – помала емисија на топлина во просторијата
- отвор за чистење на внатрешноста на шпоретот
- две положби на решетката во ложиштето за функционирање на шпоретот во лето и зима
- фиока за горивото се наоѓа во долниот дел на шпоретот
- можност за повеќе начини на поврзување кон оџакот: странично, одозгора и од задната страна
Гаранција (во месеци) | 12 |
---|