Енергетска класа: A++
Бруто капацитет: 610 l
Тип на апарат: Самостоен
Димензии (ШxВxД): 90,8 / 179,3 / 67,9 cm
- NoFrost Plus
- Side by side • NRS9182VB
- Енергетска класа: A++
- Вкупен нето капацитет: 535 l
- Начин на поставување: Самостоен
- Ширина: 908 mm, Висина: 1793 mm
XTRASPACE
Практични и пространи
Ефикасниот дизајн на внатрешноста обезбедува доволно простор за голема количина на храна, што ќе ви заштеди време за често одење во продавница. Храната лесно може да се нареди на стаклените полици, во големите фиоки или на полиците на вратата, така што секогаш можете да видите што сé е достапно и на тој начин помалку ќе фрлате храна.
Напредна контрола преку ЛЕД дисплеј
Големиот и јасен ЛЕД дисплеј овозможува моментална контрола и прилагодување на температурата. Функциите како што се FastFreeze и HolidayMode можат да се активираат со едноставен допир. Во случај на ненадејно зголемување на температурата во фрижидерот, вградениот аларм веднаш ќе ве предупреди.
Вистинско место за вашите шишиња и лименки
Со практичниот држач, вашите шишиња и лименки ќе бидат лесно достапни и нема да го зафаќаат просторот што сега можете да го користите за складирање други намирници.
Нема повеќе досадно одмрзнување
Еден од најдобрите системи за ладење на пазарот, вграден во замрзнувачот, спречува таложење на мраз и со тоа ја намалува потрошувачката на енергија. Како резултат, користењето на просторот за складирање храна е оптимизирано, а одмрзнувањето и чистењето на внатрешноста веќе не е потребно. Пакетите или парчињата замрзната храна нема да се лепат едни на други, така што храната во замрзнувачот ќе биде уредна и чиста.
Идеална микроклима на секоја полица
Системот за вентилација MultiFlow 360° рамномерно го дистрибуира воздухот во ладилникот за да обезбеди оптимална циркулација на воздухот и најдобри услови за чување на вашата храна.
Сигурен, тивок и долготраен
Инвертер компресорот е потивок, подолготраен и троши помалку енергија во споредба со конвенционалниот мотор. Подобро и побрзо се прилагодува на температурните промени во фрижидерот, на пример кога се отвора вратата, што значи дека температурните флуктуации се намалуваат и дека условите за складирање на храната се многу подобри.
Нема потреба од филтер или довод за вода
Ледоматот со диспанзер за вода кој се управува на допир ви овозможува да уживате во ладна вода, кршен лед или коцки лед без да го поврзете ладилникот со довод на вода. Благодарение на тесниот дизајн, ледоматот не зафаќа премногу простор во фрижидерот.
Режим на работа со кој ќе заштедите енергија
Режимот на работа HolidayMode ја прилагодува температурата во замрзнувачот и во ладилникот за да ја намали потрошувачката на енергија и да ја сведе на минимум, кога фрижидерот не се користи подолго време. На пример, кога ќе уживате во вашиот годишен одмор.
Голема фиока за овошје и зеленчук
Пространата фиока CrispZone е дизајнирана да ги зачува хранливите материи и да ја продолжи свежината на вашето овошје и зеленчук.
Ефикасно осветлување кое обезбедува добра прегледност
ЛЕД осветлувањето во фрижидерот овозможува одлично и екстремно ефикасно осветлување, бидејќи има подолг животен век и троши значително помалку електрична енергија во споредба со конвенционалните светилки.
Брзо замрзнување
Замрзнување на големи количини на храна? Функцијата FastFreeze ја замрзнува храната на -24 °C за да ги сочува минералите на храната и да го задржи нејзиниот квалитет. По приближно 26 часа, оваа функција автоматски се исклучува и температурата на замрзнувачот се враќа на иницијално поставената температура.
За свежина како од природата
Оваа фиока е идеална за чување месо, риба и сирење. Температурата е малку пониска во споредба со другите делови на ладилникот, што значително ја продолжува свежината.
Уживајте во лесен пристап до коцки мраз без поврзување со довод на вода
Резервоарот за вода ви овозможува едноставно да правите мраз на вашиот Side by Side фрижидер без потреба да се поврзете со довод на вода, бидејќи овој голем резервоар за вода има капацитет до 4,5 литри вода.
Со диспанзерот, ладната вода секогаш ќе биде достапна
Избраните модели на комбинирани фрижидери на Gorenje се опремени со диспензер за вода. Иновативната предност на ова решение е тоа што не треба да го поврзувате фрижидерот со довод на вода.
Основни информации
• Тип на апарат: Side by side
• Начин на поставување: Самостоен
• Линија: Superior линија
• Енергетска класа: A++
• Боја на апаратот: Црна
• Боја на врата: Црна
• Врата: Челик
• Отворање на врата: Ладилник десно/замрзнувач лево отворање на вратата
• Број на врати: 2
• Основа: 4 тркалца/2 прилагодливи ногарки
• Број на ѕвездички: 4
• Климатска класа: Субнормална, Тропска
Опрема во фрижидерскиот дел
• Диспанзер за ладна вода: Да
• Метален држач за шишиња: Држач за шишиња
• Полици на вратата на ладилникот: 5 полици на вратите
• Осветлување на фрижидерот: ЛЕД осветлување
• Автоматски ледомат: Автоматска подготовка на мраз
• Коцки мраз: Дробен мраз
• Број на стаклени полици: 5
• Сад за јајца: 1
Опрема во замрзнувачкиот дел
• Полици на врата на замрзнувачот: 3
• Простор за замрзнување: 2 фиоки
• Осветлување на просторот за замрзнување: ЛЕД осветлување
• Број на стаклени полици: 5
Ефикасност
• Вкупен нето капацитет: 535 l
• Вкупен бруто капацитет: 610 l
• Волумен на разладниот дел: нето: 368 l
• Волумен на разладниот дел: бруто: 386 l
• Волумен на замрзнувачкиот дел: нето: 167 l
• Волумен на замрзнувачкиот дел: бруто: 224 l
• Капацитет на замрзнување (24h): 13 kg
• Издржливост при прекин на електрична енергија: 8 h
• Проценета годишна потрошувачка на вода за четиричлено домаќинство: 344 kWh
Управување
• Дисплеј: ЛЕД дисплеј
• Начин на управување: Електронско управување на вратата
• Електронско управување (SensoTech): Да
• Индикатор за отворена врата: Аларм за отворена врата
• Регулација на температура: Да
• Одмрзнување: Автоматски
• Одмрзнување на змрзнувачот: Автоматски
Карактеристики
• Брзо длабоко замрзнување: Да
• NoFrost: NoFrost Plus
• Кружење на воздухот: MultiFlow ладење во ладилникот
• Штедлива програма (EcoMode): Да
Технички карактеристики
• Ширина: 908 mm
• Висина: 1793 mm
• Длабочина: 679 mm
• Бруто тежина на апаратот: 117 kg
• Нето тежина на апаратот: 108 kg