Vivax клима уред со фреон R32 – современа и ефикасна технологија за вашиот дом!
Овој клима уред обезбедува ултимативен комфорт за вашиот дом со капацитет од 4396W за греење и 4308W за ладење и ги исполнува вашите потреби во секоја сезона.
Со енергетска класа А+++, нашиот клима уред не само што обезбедува удобност, воедно доаѓа и со реална цена. Со намалена потрошувачка на енергија, вие можете да уживате во идеална температура без грижа за високите сметки за струја.
Работната температура од -20°C до +50°C го прави овој клима уред одличен избор за секое време од годината. Без разлика дали преживувате ладната зима или високите летни температури, нашиот уред е спремен за предизвикот.
Со проток на воздух од 700.00m3 и покривање на површина до 40 м2, овој клима уред го обезбедува рамномерното распределување на топлината или ладењето во целиот простор. Со влезна моќност од 900W за ладење и 950W за греење, клима уредот гарантира брзо и ефикасно регулирање на температурата, обезбедувајќи пријатен простор и атмосфера.
Уќивајте во нашиот квалитет – со гаранција од 5 години, овој клима инвертер не само што ќе ви обезбеди комфорт, туку и дополнителен мир во вашиот дом. Дозволете си да се чувствувате сигурни и удобни!