,

GORENJE GE5A21WH

Достапност:

На залиха


Електричен шпорет
Essential линија
Енергетска класаA
Тип на плоча
Електрична плоча за готвење
Материјал на управувачката плоча
Лакиран метал
Стаклена контролна плоча
Матерјал на внатрешноста на рерната
SilverMatte

16.990 ден

На залиха

Спореди
  • Електричен шпорет ·GE5A21WH
  • Начин на поставување: Самостоен
  • Ширина: 500 mm, Висина: 850 mm, Длабочина: 594 mm
  • Енергетска класа: A

ФУНКЦИЈА ЗА ПИЦА – Најдобрата пица во градот

Оваа програма со прилагодлива температура за печење до 300°C е специјално дизајнирана да ви помогне да печете совршена пица, фокача, леб и слични печени деликатеси.

Рамномерно печено секогаш

Gorenje рерните се добро познати по нивниот иновативен заоблен ентериер, што е нивна препознатлива одлика многу години наназад. HomeMade обликот е инспириран од традиционалните фурни на дрва и обезбедува подобра циркулација на воздухот во споредба со конкурентите.Сега HomeMade обликот е целосно редизајниран и протокот на воздух е усовршен благодарение на новиот дизајн на грејачот и подобрената дистрибуција на вентилација. Затоа, температурата е стабилна низ целата рерна.Никогаш повеќе нема да ви изгори јадењето од едната страна и да не се испече од друга страна.

Едноставно чистење

AquaClean е од голема корист при чистење на внатрешноста на рерната. Сè што треба да направите е да наполните половина литар вода во садот за печење и да ја вклучите опцијата AquaClean по секое користење на рерната. За само 30 минути, резултатот ќе биде видлив на сите површини и садови за готвење. Дамките и маснотијата ќе омекнат и ќе можат едноставно да се избришат.

Двоен грејач за рамномерно крцкава храна

Најдобри резултати за печење се постигнуваат со комбинација на голем и мал грејач, кога помалиот грејач се наоѓа во внатрешноста на поголемиот. Мудро позиционирање на грејачот обезбедува оптимална циркулација на топол воздух и носи одлични резултати за печење секој пат – така што храната е крцкава однадвор и мека одвнатре.

Навистина отпорен, а ултра мазен

Квалитетот и типот на емајлот се многу важни за чистење на рерната. SilverMatte е високоотпорен материјал, кој поднесува екстремни температури и пиролитичко чистење на 500˚C. Доколку земеме предвид дека материјалот нема микропори, им овозможува на рерната и на тавите да бидат потполно отпорни на највисоки температури, на микробранови или пареа. Трислојната внатрешност на рерната овозможува одлична рефлексија на топлината и дополнителна изолација. Воедно, ги елиминира микроорганизмите и остварува стерилна и безбедна средина во рерната.

XXL тави кои се вклопуваат во секоја рерна

Пространите рерни овозможуваат приготвување на повеќе храна – не само поради рамномерната циркулација на воздухот на сите нивоа, туку и поради ширината на тавите од 46cm во стандардните и компактните рерни. Инвентивните решенија овозможуваат повеќе простор во секоја тава, а супериорната void технологија помага за рамномерно печење на храната на сите нивоа.

 

Основни информации

  • Тип на апарат: Електричен шпорет
  • Линија: Essential линија
  • Енергетска класа: A
  • Боја: Бела
  • Тип на плоча: Електрична плоча за готвење
  • Материјал на управувачката плоча: Лакиран метал
  • Врата: Стаклена контролна плоча
  • Матерјал на внатрешноста на рерната: SilverMatte
  • Материјал на поклопецот: Стакло
  • Шарка на вратата: Класична шарка на вратата
  • HomeMade облик на рерната: Да

Ефикасност

  • Употреблив волумен на рерната: 68 l
  • Тип на рерната: Конвенционална
  • Максимална површина на тавата за печење: 1260 cm²

Управување

  • Облик на копчињата: Ергономски копчиња

Површина за готвење

  • Зона за готвење напред лево: За брзо готвење
  • Ø лево напред (mm): 180
  • Моќност на зоната за готвење лево напред: 2000 W
  • Зона за готвење десно напред: Нормална
  • Ø десно напред (mm): 145
  • Моќност на зоната за готвење десно напред: 1000 W
  • Зона за готвење лево назад: Нормална
  • Ø лево назад (mm): 145
  • Моќност на зоната за готвење лево назад: 1000 W
  • Зона за готвење десно назад: Нормална рингла со ограничување на температурата
  • Ø десно назад (mm): 180
  • Моќност на зоната за готвење десно назад: 1500 W

Прогрaми:

  • Долен и горен грејач, Долен грејач, Мал инфра грејач, Голем инфра грејач, Функција за пица, Чистење со AquaClean функција

Карактеристики

  • Осветлување на рерната: Назад
  • Горен грејач: Не
  • Совршен грил (PerfectGrill): Да

Опрема:

  • Водилки за тави: Водилки на извлекување
  • Скара со мотор: Не
  • Плехови: Длабока емајлирана тава за печење
  • Решетка на рерната: 1
  • Сонда за месо (MeatProbe): Не
  • Крст за поддршка на сад: Не
  • Филтер за маснотии: Не

Сигурност

  • Врата: Двојно застаклена компактна врата со еден температурен дефлектор
  • Температура на вратата на рерната: Compact Door
  • Сигурносно заклучување на вратата: Не
  • Сигнализација на преостаната топлина: Не

Технички податоци

  • Потрошувачка на енергија: 0.8 kWh
  • Приклучна моќ: 8.3 kW
  • Ширина: 500 mm, Висина: 850 mm, Длабочина: 594 mm
  • Бруто тежина на апаратот: 41,7 kg
  • Нето тежина на апаратот: 38,5 kg
SKU: ШПЕЛ0006 Категории , Ознака:
Бренд:: GORENJE
Гаранција (во месеци)

60

Вие исто така би сакале…