инвертер клима според квадратура

Клима според квадратура: Како да одберете идеален клима уред за вашиот простор

Ладењето на вашиот дом или канцелариски простор во летните месеци и загревањето на истиот во зимските периоди е предизвик за секој од нас, особено кога станува збор за простори со различни квадратури. 

Иако инвертер климите се идеални за одржување на соодветна температура во секој дел од годината, сепак, постои уште еден важен фактор, а тоа е квадратурата на вашиот простор. Во овој блог пост, ќе разгледаме како да изберете идеална инвертер клима според квадратура.

Но, пред да го адресираме овој аспект, прво ќе видиме зошто користењето на инвертер клима уред е најдобрата опција.

Зошто инвертер клима уред?

Инвертер клима уредите се разликуваат од традиционалните клима уреди поради својата напредна и модерна технологија. 

Овие клима уреди работат со помалку енергија и постојано го регулираат капацитетот на ладење и греење според вашите потреби. Ова значи подобра ефикасност и помала потрошувачка на електрична енергија, што истовремено значи помало оптеретување на вашиот буџет.

Нормално, постојат различни квалитетни инвертер клими кои нудат одлични перформанси и се лидери во светот на климатизација. Сепак, за да ја одберете идеалната клима за вашиот дом или канцеларија треба да одберете и според големината на вашиот простор.

Зошто е важно да одберете клима според квадратурата на просторот?

Без разлика дали ќе одберете клима уред од најдобрите светски брендови со најмодерна технологија и перформанси, доколку не проверете дали истиот клима уред е соодветен за вашиот простор, може да не ги задоволите вашите температурни потреби.

Затоа, овде ќе видиме идеални инвертер клими за 40m2, 50m2 и 60m2.

Инвертер клима за 40m2

За помали простории со површина до 40m2, инвертер клима уред со помал капацитет би бил подобар избор. Важно е да се избере клима уред кој ќе биде доволно ефикасен за овој простор, без да биде прекумерно голем и тежок за инсталирање и користење.

Ова значи дека ви треба клима уред со моќност до 3.5kW. Нема потреба да трошите финансиски средства за поскапа клима со поголем капацитет затоа што климите со оваа моќност се сосема доволни за простор со оваа големина. Нормално, постојат различни клими кои се идеални за оваа квадратура. Но, една од најдобрите инвертер клими за простор до 40m2 е GREE AMBER GWH12YD-S6DBA2A/I затоа што е со моќност од 3.5kW. 

Оваа инвертер клима за 40m2 има капацитет за ладење од 3530W и за греење од 4200W. Исто така, значително ќе ја намалите вашата потрошувачка на електрична енергија затоа што оваа инвертер клима е со класификација А+++ клима. Температурниот опсег и е од -30°С до 54°С, што значи дека е идеална и во зимно и летно време, а добивате и гаранција од 10 години.

Инвертер клима за 50m2

За простор со површина од 50m2, потребно е да изберете клима уред која може да овозможи рамномерно ладење и греење на целиот простор. Во овој случај, би било паметно да се избере инвертер клима уред со соодветен капацитет кој ќе ги задоволи потребите на просторот и во зимно и летно време.

И за површина до 50m2 исто можете да најдете соодветен клима уред со моќност од 3.5kW, но уште подобро е да разгледате клими со поголема моќност и до 5.0kW или 5.5kW. Еден од најдобрите инвертер клими за простор од 50m2, па дури и до 55m2 е HISENSE CA50XS1AG/CA50XS1AW -20 Easy Smart.

Оваа инвертер клима за 50m2 е со напредна технологија и има капацитет од 6250W за греење и 6000W за ладење со енергетска класа А++. Со импресивниот проток на воздух од 880.00m3 може да покрие површина и до 55m2, а воедно добивате и 3 години гаранција што ја заштитува вашата финансиска инвестиција.

Инвертер клима за 60m2

За поголеми простори со површина од 60m2, па дури и до 90m2, потребен е клима уред со поголем капацитет за ладење и греење и моќност од 6kW па нагоре. Во овој случај, инвертер клима уреди со посилна моќност на работа и со способност за рамномерно распределување на топлината или ладењето се најпогодни за осигурување на пријатна клима во целиот простор.

Сепак, моќноста не секогаш е клучен аспект и затоа е подобро да го проверите упатството и видете дали инвертер климата е соодветна за 60m2 или да се консултирате со продавачот.  Нормално дека и за оваа површина има различни клими од различни брендови кои се одлични и ќе го направат вашиот простор поудобен. Сепак, една од најдобрите инвертер клими за 60m2 е GREE FAIRY PREMIUM GWH18AFD-K.

Овој клима уред е одличен избор со неговиот капацитет од 6600W за греење и 6100W за ладење. Воедно класифициран е и со енергетска класа A++, што значи дека е штедлив и ја намалува потрошувачката на електрична енергија. Работната температура од -25°C до +50°C е доказ дека можете да го користите во секое годишно време. Протокот на водух од 850.00m3 осигурува ефикасно распределување на температурата низ просторот од 60m2. Иако треба да знаете како е најдобро да работи инвертер клима зимно време, ова нема да ви биде голем предизвик поради широкиот распон на работна температура на овој клима уред.

Дополнително добивате и 10 годишна гаранција, а можете да разгледате и други GREE клими цени кои одговараат за оваа или било која друга површина!

Заклучок за најдобра клима според квадратура

Изборот на правилната сплит систем клима или инвертер клима уред според квадратурата на вашиот простор е клучен за осигурување на комфорна и ефикасна температура во вашиот дом или работен простор. 

При изборот на клима уред, внимавајте на капацитетот на ладење и греење, како и на модерните функции и технологии кои го прават уредот поефикасен и соодветен. Целта не е само да го смените вашиот стар клима уред, туку да го направите правилниот избор и уживате во пријатна клима во секое време од годината!