-6%
,

GORENJE BOS6747A01BG

Достапност:

На залиха


Енергетска класа: A+,
IconTouch,
Начин на поставување:
Вграден,
Ширина: 595 mm, Висина: 595 mm

24.990 ден 26.500 ден

На залиха

Спореди

GORENJE BOS6747A01BG

  • Електрична рерна · BOS6747A01BG
  • Начин на поставување: Вграден
  • Енергетска класа: A+, IconTouch
  • Димензии: Ширина: 595 mm, Висина: 595 mm, Длабочина: 564 mm

 

БРЗО ЗАГРЕВАЊЕ (FASTPHEHEAT)
За инспирација во последен момент

OptiBake рерните достигнуваат температура до 200°C за само 5 минути, заштедувајќи 30% од времето потребно за класично загревање на рерната, што ги прави едни од најбрзите на пазарот.Оваа функција е одлична за рецепти за кои е потребна загреана рерна. Светлосен и звучен сигнал ќе ве извести кога рерната ќе ја достигне посакуваната температура.

Функција за пица
Најдобрата пица во градот

Оваа програма со прилагодлива температура за печење до 300°C е специјално дизајнирана да ви помогне да печете совршена пица, фокача, леб и слични печени деликатеси.

Extra Steam
Полесен начин за печење со пареа

Програмата ExtraSteam создава совршена средина за готвење со пареа, што гарантира дека вашиот леб добро ќе нарасне и ќе има крцкава кора. Сè што треба да направите е да ставите малку вода во плитка тава, да ја изберете програмата ExtraSteam и да ја оставите рерната да го направи остатокот.

Совршен грил
Двоен грејач за рамномерно крцкава храна

Најдобри резултати за печење се постигнуваат со комбинација на голем и мал грејач, кога помалиот грејач се наоѓа во внатрешноста на поголемиот. Мудро позиционирање на грејачот обезбедува оптимална циркулација на топол воздух и носи одлични резултати за печење секој пат – така што храната е крцкава однадвор и мека одвнатре.

Step Bake
Совршена храна во 2 или 3 чекори

Функцијата StepBake му дава на готвачот целосна контрола врз процесот на печење, што може да се прилагоди рачно. Едноставно поставете ги параметрите за секој од посакуваните 2 или 3 чекори и рерната ќе го направи останатото. Без дополнителна интервенција, сѐ што треба да направите е да уживате во вкусен оброк.

Home Made облик
Рамномерно печено секој пат

Gorenje рерните се добро познати по нивниот иновативен заоблен ентериер, што е нивна препознатлива одлика многу години наназад. HomeMade обликот е инспириран од традиционалните фурни на дрва и обезбедува подобра циркулација на воздухот во споредба со конкурентите.Сега HomeMade обликот е целосно редизајниран и протокот на воздух е усовршен благодарение на новиот дизајн на грејачот и подобрената дистрибуција на вентилација. Затоа, температурата е стабилна низ целата рерна.Никогаш повеќе нема да ви изгори јадењето од едната страна и да не се испече од друга страна.

Функција за автоматско печење
Кога не знаете како

OptiBake рерните од Gorenje носат целосно автоматски програми за готвење со избор на 22 најпопуларни рецепти, совршени за почетници во кујната. Ефикасно тестирани од експерти на Gorenje, AutoBake програмите нема да ве изневерат и ќе обезбедат одлични резултати дури и без загревање на рерната. Сè што корисникот треба да стори е да избере тип на сад и тежина и да притисне Start. Рерната ќе го стори останатото.

Frozen Bake
Најбрзиот начин за печење замрзнати деликатеси

Оваа ефикасна програма за печење е совршен избор за сите замрзнати јадења и претходно подготвени оброци.

Потпекување
За највкусна златна кора

Функцијата за потпекување (Gratin) ви овозможува да создадете совршена златно-кафеава кора на лазањи, месо, компири и други потпечени јадења.

Big Space
Волумен од 77 литри

Дали сте подготвени за XXL рецепти? Иновативното дизајнерско решение овозможува поголема внатрешност на рерната и целосно искористување на ширината на рерната. На секој сад за печење има повеќе простор, а супериорната технологија ќе обезбеди подеднакво печена храна на сите нивоа.

 

 

Максимален преглед
Секогаш знајте што се случува

Дали знаевте дека отворањето на вратата за време на процесот на печење предизвикува пад на температурата на рерната, па дури и може да го уништи јадењето? Поради максималната големина на прозорецот на вратата на рерната, одличното осветлување на халогенот и подобрената позиција на нивоата на печење, новите OptiBake рерни нудат целосен преглед на процесот на печење во секое време без да ја отворите вратата.

Печење на повеќе нивоа
Кога сакате сè да постигнете

Комбинацијата на паметна циркулација на воздухот, рамномерно распоредените простори помеѓу тавите за печење и специјалната малку заоблена внатрешност на рерната, обезбедува рамномерно печење храна на сите нивоа, а бидејќи волуменот на рерната е поголем, и прегледот на процесот на печење е одличен.

Gentle Bake
За супер сочна и мека храна

Оваа функција се однесува на лесно, бавно и рамномерно печење. На овој начин, влагата се задржува во храната, и останува супер сочна и мека. Погодна за подготовка на месо, риба или колачи на едно ниво.

Телескопски водилки
Лесно и безбедно ракување со садови за печење

Нежните телескопски водилки овозможуваат совршен преглед на процесот на печење, како и побезбедно и полесно ракување со садовите за печење. Во зависност од моделот, OptiBake рерните од Gorenje имаат телескопски водилки на едно или на две нивоа кои се извлекуваат ¾. Како дополнителна опција, исто така нудиме и флексибилни телескопски водилки на едно ниво кои лесно се поставуваат на посакуваното ниво на жичани водилки.

Ладна врата на рерната
Безбедна и енергетски ефикасна

Посебна иновативна конструкција и застаклување на вратата ја изолира рерната така што топлината се задржува внатре, оптимизирајќи ја потрошувачката на енергија бидејќи топлината не може да излезе од внатрешноста на рерната. Ова ја прави рерната уште побезбедна за корисникот, децата и домашните миленици и спречува загревање на околината во која се наоѓа рерната.

 

 

DC+ систем
Ефикасно управување со топлината

Системот DynamiCooling ефикасно ја лади надворешноста на рерната (или куќиштето) за да спречи какво било оштетување предизвикано од високи температури. Во рерните со DynamiCooling+ системот, сензорите за топлина го регулираат ладењето на надворешните ѕидови на рерната додека не достигнат температура од 60°С. Ова е особено погодно во рерна со функција за пиролитичко чистење која работи на екстремно високи температури.

Gentle Close & Gentle Open
Оставете го вашето готвење да направи бучава, а не вратата од рерната

За нежно отворање или затворање на вратата на рерната, без бучава, потребен е само нежен допир.

Отстранливо стакло на врата
Лесен пристап, лесно чистење

Стаклото на вратата од рерната може лесно да се отстрани, обезбедувајќи полесно чистење и поради тоа, секогаш е одличен поглед во рерната.

Основни информации

  • Тип на апарат: Електрична рерна
  • Тип на рерната: Мултисистемска
  • Линија: Advanced линија
  • Енергетска класа: A+
  • Боја: Црна
  • Матерјал на внатрешноста на рерната: ECO Email (рерна и плехови)
  • Шарка на вратата: SoftOpen и GentleClose шарка на вратата
  • HomeMade Plus облик на рерната: Да

Карактеристики

  • Чекор по чекор (StepBake): Да
  • Осветлување на рерната: Горе и на страна
  • Рамна површина на вратата од рерната: Внатрешна стаклена површина на вратата која лесно се отстранува
  • Горен грејач: Не
  • Истовремено печење на повеќе нивоа: Да
  • Совршен грил (PerfectGril): Да
  • ExtraSteam: Да
  • SuperSize: Да
  • Запекување: Да

Ефикасност

  • Употреблив волумен на рерната: 77 l
  • Максимална температура на рерната: 300 °C
  • Максимална површина на тавата за печење: 1360 cm²

Управување

  • Тајмер: IconTouch
  • Облик на копчињата: Ергономски копчиња

Опрема

  • Водилки за тави: Телескопски водилки на 2 нивоа со делумно извлекување
  • Плехови: Плитка емајлирана тава за печење, Длабока емајлирана тава за печење
  • Решетка на рерната: 1
  • Сонда за месо (MeatProbe): Не

Сигурност

  • Врата: Тројно застаклена врата на рерната со еден дефлектор
  • Температура на вратата на рерната: CoolDoor
  • Вентилатор за ладење: Дополнително динамичко ладење на рерната DC+

Начини на загревање

  • Програми: Брзо загревање (FastPreheat)
  • Програми: Кружен грејач
  • Програми: Долен грејач со кружен грејач и вентилатор
  • Програми: Горен грејач со кружен грејач и вентилатор
  • Програми: Мал инфра грил со кружен грејач
  • Програми: TurboBake
  • Програми: Голем инфра грејач
  • Програми: Долен и горен грејач
  • Програми: LightBake
  • Програми: Горен и долен грејач со вентилатор
  • Програми: Голем инфра грејач со вентилатор
  • Програми: Голем инфра грејач со долен грејач
  • Програми: Мал инфра грил со долен грејач и вентилатор
  • Програми: Печење замрзнати јадења (FrozenBake)
  • Програми: Функција за пица
  • Програми: GentleBake
  • Програми: Печење на топол воздух (AirFry+)
  • Програми: Чистење со AquaClean функција
  • Програми: Одмрзнување (Defrost)
  • Програми: Повторно загревање (Reheating)
  • Програми: WarmPlate (одржување на топлина на садовите)
  • Програми: Sabbath режим

Технички податоци

  • Потрошувачка на електрична енергија (Вентилаторска): 0.71 kWh
  • Приклучна моќ: 3.5 kW
  • Ширина: 595 mm, Висина: 595 mm, Длабочина: 564 mm
  • Ширина на просторот за монтажа макс. 564 mm-560 mm
  • Висина на просторот за монтажа макс.: 600 mm-590 mm
  • Длабочина на просторот за монтажа мин. 550 mm
  • Бруто тежина на апаратот: 32.7 kg
  • Нето тежина на апаратот: 30.7 kg
  • Приклучна моќ: 220-240 V

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

SKU: ВГРЕ0016 Категории , Ознака:
Бренд:: GORENJE
Тежина 30 кг
Баркод

КГ

Гаранција (во месеци)

12

Вие исто така би сакале…