- Електричен шпорет GEC6A41WC
- Начин на поставување: Самостоен
- Ширина: 600 mm, Висина: 850 mm, Длабочина: 600 mm
- Енергетска класа: A
Рамномерно печено секогаш
Gorenje рерните се добро познати по нивниот иновативен заоблен ентериер, што е нивна препознатлива одлика многу години наназад. HomeMade обликот е инспириран од традиционалните фурни на дрва и обезбедува подобра циркулација на воздухот во споредба со конкурентите.Сега HomeMade обликот е целосно редизајниран и протокот на воздух е усовршен благодарение на новиот дизајн на грејачот и подобрената дистрибуција на вентилација. Затоа, температурата е стабилна низ целата рерна.Никогаш повеќе нема да ви изгори јадењето од едната страна и да не се испече од друга страна.
Едноставно чистење
AquaClean е од голема корист при чистење на внатрешноста на рерната. Сè што треба да направите е да наполните половина литар вода во садот за печење и да ја вклучите опцијата AquaClean по секое користење на рерната. За само 30 минути, резултатот ќе биде видлив на сите површини и садови за готвење. Дамките и маснотијата ќе омекнат и ќе можат едноставно да се избришат.
ФУНКЦИЈА ЗА ПИЦА
Најдобрата пица во градот
Оваа програма со прилагодлива температура за печење до 300°C е специјално дизајнирана да ви помогне да печете совршена пица, фокача, леб и слични печени деликатеси.
Најбрзиот начин за печење замрзнати деликатеси
Оваа ефикасна програма за печење е совршен избор за сите замрзнати јадења и претходно подготвени оброци.
Совршено печено од сите страни
MultiAir технологијата гарантира оптимална циркулација на топлиот воздух внатре во рерната. Благодарејќи на внимателно позиционираните вентилациски отвори на задниот ѕид и единствениот заоблен облик, воздухот рамномерно се распоредува во рерната. Вентилаторот овозможува врелиот воздух да допре до секој агол на рерната правејќи ја храната совршено потпечена од сите страни. Динамичното движење на воздухот овозможува истовремено печење на повеќе нивоа без мешање на мириси и вкусови.
Волумен од 77 литри
Дали сте подготвени за XXL рецепти? Иновативното дизајнерско решение овозможува поголема внатрешност на рерната и целосно искористување на ширината на рерната. На секој сад за печење има повеќе простор, а супериорната технологија ќе обезбеди подеднакво печена храна на сите нивоа.
Едноставно и ефективно одмрзнување
Рерната во шпоретите на Gorenje се издвојува со ефикасна функција за одмрзнување која рамномерно ќе го одмрзне секој длабоко замрзнат производ. Едноставно поставете го времето и оставете и’ го останатото на рерната!
За инспирација во последен момент
OptiBake шпоретите достигнуваат температура до 200°C за само 4.5 минути, заштедувајќи 30% од времето потребно за класично загревање на рерната, што ги прави едни од најбрзите на пазарот.Оваа функција е одлична за рецепти за кои е потребна загреана рерна. Светлосен и звучен сигнал ќе ве извести кога рерната ќе ја достигне посакуваната температура.
Навистина отпорен, а ултра мазен
Квалитетот и типот на емајлот се многу важни за чистење на рерната. SilverMatte е високоотпорен материјал, кој поднесува екстремни температури и пиролитичко чистење на 500˚C. Доколку земеме предвид дека материјалот нема микропори, им овозможува на рерната и на тавите да бидат потполно отпорни на највисоки температури, на микробранови или пареа. Трислојната внатрешност на рерната овозможува одлична рефлексија на топлината и дополнителна изолација. Воедно, ги елиминира микроорганизмите и остварува стерилна и безбедна средина во рерната.
Сè на дофат на раката
Практична фиока со многу простор за чување тави, садови за печење и други додатоци.
Основни информации
- Тип на апарат: Електричен шпорет
- Енергетска класа: A
- Боја: Бела
- Тип на плоча: Стаклокерамичка плоча
- Материјал на управувачката плоча: Лакиран метал
- Врата: Стаклена контролна плоча
- Матерјал на внатрешноста на рерната: SilverMatte
- Материјал на поклопецот: Без капак
- Шарка на вратата: Класична шарка на вратата
- HomeMade облик на рерната: Да
Ефикасност
- Употреблив волумен на рерната: 71 l
- Тип на рерната: Конвенционална
- Максимална површина на тавата за печење: 1316 cm²
Управување
- Облик на копчињата: Ергономски копчиња
Површина за готвење
- Зона за готвење напред лево: Highlight дупла зона
- Ø лево напред (mm): 210/120
- Моќност на зоната за готвење лево напред: 2100 W
- Зона за готвење десно напред: Нормална
- Ø десно напред (mm): 145
- Моќност на зоната за готвење десно напред: 1200 W
- Зона за готвење лево назад: Нормална
- Ø лево назад (mm): 145
- Моќност на зоната за готвење лево назад: 1200 W
- Зона за готвење десно назад: Нормална рингла со ограничување на температурата
- Ø десно назад (mm): 180
- Моќност на зоната за готвење десно назад: 1800 W
Програми:
- Брзо загревање (FastPreheat), Горен и долен грејач со вентилатор, Долен и горен грејач, Голем инфра грејач со вентилатор, Голем инфра грејач, Функција за пица, Печење замрзнати јадења (FrozenBake), Одмрзнување (Defrost), Чистење со AquaClean функција
Карактеристики
- Осветлување на рерната: Назад
- Горен грејач: Не
- MultiAir: Да
Опрема:
- Водилки за тави: 1 x жичана водилка
- Скара со мотор: Не
- Плехови: Длабока и плитка емајлирана тава за печење
- Решетка на рерната: 1
- Сонда за месо (MeatProbe): Не
- Крст за поддршка на сад: Не
- Филтер за маснотии: Не
Сигурност
- Врата: Двојно застаклена компактна врата со еден температурен дефлектор
- Температура на вратата на рерната: Compact Door
- Сигурносно заклучување на вратата: Не
- Сигнализација на преостаната топлина: Да
Технички податоци
- Потрошувачка на енергија: 0.94 kWh
- Приклучна моќ: 9,2 kW
- Ширина: 600 mm, Висина: 850 mm, Длабочина: 600 mm
- Бруто тежина на апаратот: 45,6 kg
- Нето тежина на апаратот: 42,2 kg