- Мини шпорет · OM30GBX
- Број на зони за готвење: 2
- Моќност на зоната за готвење лево напред: 1000 W
- Моќност на зоната за готвење десно напред: 600 W
- Употреблив волумен на рерната: 30 l
- Моќност: 1600 W
- Гаранција: 2 години
МОЌЕН И КОМПАКТЕН
Како нормална рерна, само помала
Со моќност од 1600 W, пет режими на рерната и две електрични зони за готвење, овој мини шпорет може да се нарече мини кујна. Електричните зони можат да работат истовремено со рерната, за да имате совршена комбинација. Уживајте во комплетниот оброк, зготвен во мини шпоретот од Gorenje.
Повеќе јадења истовремено
Немате време? Уживајте во подготвувањето до три сада со вкусни јадења одеднаш. Можете да користите жичени водилки или тави за печење, широки до 36 cm и длабоки 32 cm.
Сите страни се добри страни
Циркулацијата на топол воздух од горната страна до дното и назад гарантира совршена дистрибуција на топлина. Овозможува истовремено печење на повеќе нивоа без мешање на мириси и вкусови. Два грејни елементи на врвот и уште два на дното ќе се погрижат вашата храна да се пече рамномерно.
Изберете ја вашата совршена комбинација
Можете да готвите храна на две моќни електрични зони за готвење вградени во шпоретот. Зоните со моќност од 1000 W (18,5 cm) и 600 W (15,5 cm) можат да работат една по една, истовремено или во комбинација со рерната.
Пет режими на греење за сите потреби
Мини шпоретот од Gorenje може лесно да се ракува со копчињата на контролната табла. Можете да одлучите кои електрични зони ви се потребни (мала, голема или и двете) и да ја поставите температурата на рерната помеѓу 100 и 220°C; изберете помеѓу пет режими на загревање на рерната – горно и долно греење со конвекција, горно греење и конвекција, горно и долно греење, горно греење со грил, горно и долно греење со грил. Секако има и тајмер за да ви го олесни животот.
Лесно се чисти
Одржувајте го вашиот мини шпорет секогаш чист и подготвен за следната употреба. Редовно празнете го садот со трошките, а единствениот мирис што ќе се шири низ вашата кујна ќе биде мирисот на совршено зготвена храна.
Заштеда на простор и енергија
Благодарение на компактниот дизајн, мини шпоретот е особено корисен во вашата викендица, на кампување, во студентски стан, во кујната на работната површина или дури и како втора рерна во вашата фамилијарна кујна. Може да се користи и наместо микробранова печка доколку немате. Можете да готвите различна храна, притоа заштедувајќи простор и енергија во споредба со конвенционалната рерна.
Основни информации
- Тип на апарат: Мини шпорет
Ефикасност
- Приклучна моќ: 3200 W
Управување
- Индикатор за работење: Црвен индикатор за работа
Карактеристики
- Број на зони за готвење: 2
- Моќност на зоната за готвење лево напред: 1000 W
- Моќност на зоната за готвење десно напред: 600 W
- Употреблив волумен на рерната: 30 l
- Моќност: 1600 W
Додатоци
- Вклучени додатоци: Рачка за лесно отстранување на решетката
Технички податоци
- Ширина: 520 mm, Висина: 321 mm, Длабочина: 405 mm
- Нето тежина на апаратот: 12 kg
- Бруто тежина на апарато: 15 kg