- Микробранова печка со грил · BM235G1SYB
- Начин на управување: Електронско управување
- Функција SmartDisplay
- Начин на поставување: Вграден
- Димензии: Ширина: 595 mm, Висина: 390 mm, Длабочина: 351 mm
AQUACLEAN
Автоматско чистење без детергент
Внатрешноста на рерната можете многу лесно да ја исчистите со програмата AquaClean. Сè што треба да направите е да наполните стаклен или глинен сад отпорен на висока температура со вода, да го ставите во микробранова печка и да ја изберете програмата AquaClean. Резултатот од оваа програма ќе биде пареа која ќе ги омекне маснотиите на страните на микробрановата печка. Кога програмата ќе заврши, едноставно избришете ја внатрешноста на рерната со влажна крпа.
Автоматски програм
Однапред дефинирани програми
Автоматските претходни поставувања овозможуваат поедноставно готвење на некои видови храна како пуканки, пилешки крилца, пица, тестенини итн. Треба само да го изберете типот на храната и да ја внесете тежината, а апаратот автоматски ќе ги приспособи моќта и времетраењето на готвењето.
Child Lock
Безбедноста е секогаш на прво место
Апаратот може лесно да се заклучи за да се спречи употреба без надзор.
Грил
Едноставно до совршена кора
Сега можете лесно да ги зарументе вашите омилени јадења и да имате совршена кора. Во комбинација со микробрановите, грилот може да се користи за дополнително брзо готвење. По првата половина од процесот на готвење, апаратот ќе ве потсети да ја превртите храната за порамномерно готвење и совршено крцкаво задоволство.
Inox Terior
Внатрешност од не’рѓосувачки челик за одлични перформанси
Внатрешноста на микробрановата печка е изработена од не’рѓосувачки челик што придонесува за одлични резултати при готвењето. Nе’рѓосувачкиot челик ја подобрува циркулацијата на микробрановите во шуплината на рерната и многу го олеснува чистењето.
Микробранови и грил
Микробранови комбинирани со грил
Комбинирајте ги предностите на микробрановите и грилот за да искусите сосема нови димензии на готвењето. Ќе бидете импресионирани од побрзото готвење на помали парчиња месо, пици и други јадења кои треба да се зготват и крцкаат до совршенство.
Бебзедносен прекинувач
Секогаш совршено безбеден
Безбедносниот прекинувач гарантира дека употребата на микробранова печка е совршено безбедна. Автоматски го запира напредокот на програмата ако вратата се отвори за време на работата.
Паметен дисплеј
Напреден ЛЕД дисплеј
Елегантниот и јасно поставен ЛЕД дисплеј ви овозможува да го следите напредокот на готвењето или загревањето во микробрановата печка. Тајмерот за одбројување обезбедува ажурирани информации за тоа колку подолго ќе трае процесот на готвење и која функција е поставена.
Smart Start
Незаменливо брзо загревање
Овозможува брзо загревање на храната што се активира со еден допир. Лесно зголемете го времето за 30 секунди со уште едно притискање. Функцијата SmartStart ќе се покаже особено корисна кога едноставно не можете да го чекате вашиот топол оброк.
Параметри за звук
Исклучете ја јачината на звукот
Микробрановата печка ви овозможува да ја прилагодите јачината на звукот на звучните сигнали. Кога ви треба тишина, на пр. додека вашето бебе спие, сѐ уште можете да ја користите микробрановата печка без да испуштате звук; едноставно исклучете ги звучните сигнали и вклучете ги подоцна.
Step Bake
Совршена храна во неколку едноставни чекори
Можете да готвите во неколку фази со рачно програмирање на неколку чекори од процесот на готвење. На пример, во чекор 1 може да се одлучите за повеќе микробранови отколку грил, во чекор 2 обратно и може да го поставите чекорот 3 за да ја постигнете посакуваната кора само со грил. Кога ќе го активирате режимот StepBake, микробрановата печка автоматски ги менува чекорите, така што не мора да го правите тоа рачно.
Тајмер
Одбројувачки тајмер
Микробрановите печки Gorenje овозможуваат поставување на времето на работа – до 95 минути, во зависност од моделот. Тајмерот јасно го покажува преостанатото време до крајот на процесот на готвење.
Контрола на допир
Едноставна и лесна контрола
Благодарение на модерната сензорска технологија, микробрановата печка нуди чиста и едноставна контрола на допир. Совршено мазната контролна површина обезбедува елегантен изглед и ја прави микробрановата лесна за чистење.
Загревање садови
Послужете го совршениот оброк во удобноста на вашиот дом
Друга интересна автоматска програма е загревањето садови. Кога ќе ја изберете оваа програма, таа ќе почне да го загрева садот и на тој начин ќе спречи губење на вкусот на храната и ќе обезбеди вкусна храна при секој залак.
Ротирачка чинија
Рамномерно зготвена или загреана храна
Без никакви ладни точки, храната се готви или повторно се загрева до совршенство. Постојаното вртење на ротирачката чинија им овозможува на микробрановите ефикасно и рамномерно да ја загреваат храната што ја подготвувате.
Основни информации
- Тип на апарат: Микробранова печка со грил
- Линија: Gorenje Simplicity Collection 2.2
- Боја: Црна
- Матерјал на внатрешноста на рерната: Рерна од не’рѓосувачки челик
- Материјал на управувачката плоча: Стакло
- Начин на отварање на вратата: Копче
- Начин на загревање: Кварцно
Ефикасност
- Волумен: 23 l
- Нивоа на моќност: 5
- Број на меморирани програми: 9
- Максимална моќност на микробрановата: 900 W
- Моќност на инфра грејачот: 1200 W
- Димензија на ротирачката чинија: 315 mm
Опрема
- Ротациона решетка за грил: решетка за скара
- Чинија што се врти: Ротирачка стаклена чинија
Сигурност
- Заклучување за заштита од деца: Заклучување на контролен панел
Чистење
- AquaClean функција: Да
Технички податоци
- Бучност: 58 dB(A)
- Ширина: 595 mm
- Висина: 390 mm
- Длабочина: 351 mm
- Ширина на внатрешен простор: 348 mm
- Висина на внатрешен простор: 213 mm
- Длабочина на внатрешен простор: 334 mm
- Ширина на просторот за монтажа макс.: 566 mm
- Ширина на просторот за монтажа мин.: 560 mm
- Висина на просторот за монтажа макс.: 380 mm
- Висина на просторот за монтажа мин.: 380 mm
- Длабочина на просторот за монтажа мин.: 550 mm
- Бруто тежина на апаратот: 19,9 kg
- Нето тежина на апаратот: 18 kg
- Приклучна моќ: 220-240 V
Карактеристики
- Повеќе начини на готвење: Не
- Автоматско мени: Да
- Паметно управување: Да
- Дефиниран старт: Не
- Одмрзнување според време или тежина: Функција одмрзнување според тежината
- Функција SmartDisplay: Да
- Логичен избор: Да
- Звучен сигнал: Да, нема можност за исклучување